Skip to main content

За еден ден над 500 имигранти пристигнале во Велика Британија преку Ла Манш

Фото: Freepik

Повеќе од 500 луѓе со мали чамци вчера го преминаа Ла Манш и илегално пристигнаа во Велика Британија.

Вкупно 517 луѓе со осум чамци пристигнаа во Велика Британија, со што бројот на илегални имигранти од почетокот на годината се искачи на 21.117, што е за 56 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Британската министерка за внатрешни работи Ивет Купер најави воведување на построги мерки во борбата со нелегалната миграција и нелегалниот труд.

– Нелегалната работа го поткопува чесното работење и ги намалува локалните плати. Британската јавност нема да го толерира ова, ниту оваа Влада. Бандите за трговија со луѓе честопати ги лажат оние што патуваат нелегално во Велика Британија дека ќе можат да живеат и работат слободно во странство, додека всушност се соочуваат со мизерни услови за живот, минимална плата и нехумано работно време, посочи Купер. 

Поврзани вести