Skip to main content

Второ убиство во училиште денеска, 15-годишник избоде вработена во Франција

принтскрин X/@actureact_info

Вработена во француско средно училиште била смртно избодена од 15-годишен ученик. Ученикот е уапсен. Нападот се случил за време на претресот на чантата на ученикот во средно училиште источно од Париз.

Полициски службеник кој помогнал во претресот на торбите бил полесно повреден за време на апсењето на ученикот, соопшти жандармеријата. Мотивот за нападот е под истрага.

Додека се грижеше за нашите деца во Ножан, вработена во училиште го загуби животот, жртва на бесмислено насилство, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на платформата „Икс“, додавајќи дека нацијата е во жалост и дека владата се мобилизира за намалување на криминалот.

Министерката за образование Елизабет Борн најави дека ќе го посети местото на нападот за да изрази поддршка за училишната заедница и полицијата. Проверки на торбите во училиштата во Франција се воведени во март по убиството на 17-годишен тинејџер пред училиште во Есон. Тогаш министерот за внатрешни работи побара построги мерки и санкции во училиштата. Во април, по смртоносен напад во Нант, Борн извести дека 958 проверки на торби резултирале со заплена на 94 остри предмети.

Претходно денеска во училиштето БОРГ во Грац, Австрија, се случи масовно пукање во кое загинаа најмалку девет лица, додека напаѓачот, кој е десеттата жртва, изврши самоубиство.

Поврзани вести