
Грузиската полиција откри и заплени приближно 300 килограми хероин. Дрогата е откриена во камион што превезувал огноотпорни тули, што пристигнал од Ерменија.
Тоа е најголемо запленето количество наркотици во Грузија во изминатата деценија. Во операцијата уапсен е еден Грузиец.
Камионот преку црноморското пристаниште Батуми требал да продолжи за Европа.
Вредноста на запленетиот хероин се проценува на 85 милиони лари (околу 27 милиони евра).
Во 2014 година запленети се 2,79 тони течен хероин во вредност од околу 400 милиони долари. Според грузиските властите, дрогата припаѓала на талибанците и била наменета за европскиот наркопазар.
Грузија е една од маршрутите за шверц на дрога од Авганистан до Европа.