
Јеменското воено воздухопловство извршило напади врз ракетни и рампи за лансирање дронови на Хутите во провинциите Мариб и Ал Џауф,.
Станува збор за први офанзивни операции што по подолг период ги презема Владата во Сана, поддржана од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници поддржани од Иран, во граѓанската војна во Јемен што трае повеќе од една деценија.
Борбите меѓу јеменските шиитски бунтовници и Ријад повторно започнаа овој месец, откако пропадна четиригодишното примирје меѓу завојуваните страни.
Поради поддршката што Техеран им ја дава на Хутите, аналитичарите стравуваат дека конфликтот би можел дополнително да се прошири и да се поврзе со војната меѓу Иран и неговите противници.
Хутите неодамна соопштија дека воведуваат поморска блокада на Саудиска Арабија, заканувајќи им се на бродовите поврзани со Кралството што пловат низ стратешкиот проток Баб ел Мандеб.
Тој поморски коридор е особено важен за Ријад по прекинот на поморскиот сообраќај низ другиот клучен проток за регионот – Ормускиот, што е нарушен поради американскио-иранскиот конфликт.

Македонски


