
Јемските Хути соопштија дека нападнале нафтена постројка во југозападниот дел на Саудиска Арабија.
Портпаролот на Хутите изјави дека со дронот е гаѓана рафинеријата „Арамко“ во градот Џазан.
Нападот е одговор на нарушувањето на воздушниот простор на Јемен од страна на саудиските дронови над провинциите Хаџа и Саада – изјави портпаролот.
Саудиското Министерство за енергетика соопшт дека избувнал пожар во рафинеријата „Арамко“ и дека нема жртви. Министерството не прецизираше што го предизвикало пожарот.
Денешниот напад на Хутите е најновиот во серијата напади со ракети и дронови насочени кон Саудиска Арабија и бродовите во Црвеното Море. Ескалацијата се заканува да ја разгори граѓанската војна во Јемен, повеќе од четири години откако прекинот на огнот ги запре борбите во таа сиромашна арапска земја.

Македонски


