Skip to main content

Венс: Америка позајмува пари од „кинески селани“

Фото: Thomas Padilla/AP

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс предизвика меѓународен скандал со неговата изјава дека „Америка позајмува пари од кинеските селани“.

Венс во интервју за „Фокс њуз“, обидувајќи се да ја одбрани политиката на претседателот Доналд Трамп, истакна: „Позајмуваме пари од кинеските селани за да ги купиме работите што ги прават“.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан наведе дека изјавата на Венс предизвикала „тага и незадоволство“ на кинеските социјалните мрежи.

Лин посочи и дека Венс се прославил и со својата автобиографска книга „Хилбили елегија“, која зборува за растењето во посиромашниот планински дел на САД.

Некои корисници на кинеските социјални мрежи побараа да му се забрани на Венс влез во Кина, а неговите коментари ги нарекоа „срамни“.

Поврзани вести