Skip to main content

Битно за самовработените лица: УЈП ги изготвува МПИН пресметките за паушалците

МИА архива

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на генерирање на Месечните пресметки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, согласно последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. http://ujp.gov.mk/en/javnost/soopstenija/pogledni/1266

Со оваа законска измена значително се олеснува исполнувањето на обврските на паушалистите. УЈП веќе ги изготвува пресметките на придонеси за паушалистите, како што ги изготвува и пресметките за данокот на личен доход, со што знаетчиите паушалисти ќе добиваат од УЈП месечни налози за уплата по сите основи. Ова е заокружување на административните олеснувања за сите паушалисти како категорија на даночни обврзници кои немаат обврска да водат деловни книги и евиденции (сметководство) и да поднесуваат даночни биланси.

За месеците јули и август 2026 година беа изгенерирани МПИН пресметки за околу 3.500 самовработени лица кои данокот го плаќаат врз основа на паушално утврден нето – доход при што беа изгенерирани вкупно околу 7.000 МПИН пресметки. Преку системот Е- Даночни услуги истите се поставени на корисничките профили на даночните обврзници на овој систем. Обврзниците можат да ги подгинат преку својот кориснички профил, да ги добијат на пријавената електронска адреса оставена во УЈП или да ги подигнат лично од канцелариите на УЈП. Воедно, УЈП во соработка со некои занаетчиски комори овозможи некои паушалисти да ги подигнат од своите комори налозите изготвени од УЈП. Пресметките и налозите за јули беа изготвени со мало задоцнување, од неколку денови заради прилагодување на софтверското решение, додека пресметките за август беа изготвени и распределени во законскиот рок.

Обврската за плаќање на придонесите и понатаму останува кај самовработеното лице. МПИН пресметките се генерираат само за носителите на паушалното оданочување, односно за самовработените лица регистрирани како вршители на дејност, додека за вработеното лице останува обврската паушалистот самиот да ја поднесе МПИН пресметката.

Самовработените лица – паушалисти кои во изминатиот период самите имаат поднесено МПИН за јули и август 2026 година по кои исто така имаат извршено плаќање, немаат обврска да вршат плаќање по пресметките генерирани од УЈП.

Во периодов на имплементирање на новиот систем на пресметка на придонесите УЈП и паушалистите наидоа на некои предизвици. Имено, паушалистите на своите е-маил адреси добија автоматско известување-опомена за неподнесена МПИН пресметка, кои УЈП веднаш ги прогласи за неважечки, затоа што оваа законска обврска веќе не постои. Ниту еден паушалист не е “блокиран” од УЈП за наплата на долг.

Основица за пресметка на придонесите

Основица за пресметка и уплата на придонесите е месечната аконтација на паушално утврдениот нето-доход на кој се плаќа данок на личен доход. Тоа значи дека основицата за пресметка на данокот на личен доход и основицата за придонесите се идентични.

По лично барање, самовработеното лице може да плаќа придонеси и на повисока основица, со поднесување барање до надлежната организациона единица на УЈП кон која припаѓа како даночен обврзник, со наведување на посакуваната основица.

Доход од самостојна дејност

Самовработените лица – паушалисти остваруваат доход од вршење самостојна дејност, а не доход од работа – плата. Бидејќи не водат деловни книги, доходот од самостојната дејност се утврдува во паушален износ од страна на УЈП. Оттука, во МПИН пресметките за оваа категорија обврзници не се евидентира ефективна нето-плата за исплата – целокупниот доход од самостојната дејност е доход со кој обврзникот може лично да располага, како за плаќање на набавки за вршење на дејноста, така и за лични потреби.

Работно време

Самовработените лица – паушалисти можат да бидат пријавени на полно или на скратено работно време согласно Законот за работните односи. Бројот на часови за кои лицето е пријавено во Агенцијата за вработување во моментов не влијае врз висината на основицата за придонесите – основицата се утврдува исклучиво врз основа на паушално утврдениот нето-доход, согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, и (не се намалува или усогласува со бројот на пријавени часови за скратено работно време) не е поврзана со работни часови. УЈП во координација со Агенцијата за вработување и другите надлежни институции, продолжува да го разгледува ова прашање со цел усогласено постапување во однос на правата и обврските на самовработените лица.

Боледување

Самовработените лица – паушалисти кои користат боледување потребно е редовно да го пријават боледувањето во надлежната организациона единица на УЈП и да ја достават потребната документација. Податоците за боледувањето се внесуваат во системот е-Даночни услуги преку менито „Утврдување на боледувања кај паушал“ и се земаат предвид при генерирањето на МПИН пресметката.

Користење на разни банкарски продукти

Во однос на постапките за аплицирање за добиевање кредит од банка, самовработените лица – паушалисти кои остваруваат доход од самостојна дејност, како доказ за потврдување на кредитоспсобноста пред деловните банки, а согласно укажувањата на банките, може да користат:

•годишната даночна пријава;

уверение за остварен доход издадено од УЈП.

Координација со останатите институции УЈП во изминатиот период оствари координација со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Македонската банкарска асоцијација, како и со претставници на Републичката и Скопската занаетчиска комора, при што беа разгледани практичните прашања поврзани со генерирањето на МПИН пресметките за самовработените лица – паушалисти како и евидентирањето на уплатените придонеси. Согласно извршените консултации, паушалистите што извршиле уплата на придонесите остварија право на здравствено осигурување за месеците јули и август, додека генерирањето на пензискиот стаж ќе се врши по истекот на 2026 година, при што има тесна соработка меѓу УЈП и ФПИОРСМ за да се избегнат евентуални грешки во овој процес. Индивидуални случаи – исклучоци каде што некои паушалисти се пресретнаа со проблеми во здравственото осигрување во изминатите два месеци се разгледуваа во УЈП по дојава.

Управата за јавни приходи продолжува да работи на унапредување и поедноставување на постапките поврзани со оданочувањето на оваа категорија на обврзници. Следните денови сите регионални дирекции и даночни одделенија на УЈП ќе одржат средби со паушалисти од своја надлежност, а таква средба веќе беше одржана за скопскиот регион во соработка со Занаетчиската комора на Скопје. Од 1 јануари 2027 година УЈП на годишно ниво ќе изготви дванаесет месечни налози за плаќање на данок и придонеси кои ќе бидат поделени на занаетчиите заедно со решенијата за одобрување на паушално оданочување, а во текот на годината ќе се вршат корекции само во специфични случаи, како боледување, одјава и сл.

За дополнителни информации, помош и поддршка во врска со МПИН пресметките и начинот на исполнување на обврските, самовработените лица – паушалисти можат да се обратат до Контакт центарот на Управата за јавни приходи.

Управа за јавни приходи

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisbetsmoveholiganbetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetizmir escortzbahisroketbet