Skip to main content

УЈП предупредува: Не отворајте лажни СМС пораки за „даночен поврат“

Управата за јавни приходи предупредува дека денеска до граѓани пристигнуваат лажни СМС пораки во кои се наведува дека „даночниот поврат е подготвен“, со приложен линк. Од УЈП апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не внесуваат лични и банкарски податоци.

Од Управата за јавни приходи посочуваат дека станува збор за можен обид за измама и злоупотреба на лични и финансиски податоци.

Граѓаните се повикуваат сите информации поврзани со УЈП да ги проверуваат исклучиво преку официјалните канали на Управата, односно преку веб-страницата ujp.gov.mk, официјалните е-услуги и објавените контакт-адреси и телефонски броеви.

Од УЈП апелираат граѓаните да не кликаат на линкови во сомнителни СМС пораки и да не споделуваат лични, банкарски или други чувствителни податоци.

Поврзани вести