
Министерството за одбрана на Албанија информираше за состојбата со пожарите, објавувајќи дека до 14 часот се пријавени 11 пожари, од кои пет се активни, пет се под надзор и еден е изгаснат.
-Во операциите за справување со ситуацијата ангажирани се над 100 оперативни сили, противпожарни возила припадници на вооружените сили, армиски хеликоптери и ” Се трактори”. Поголема ангажираност од воздух има кај планината Дајти, објави министерството.
Националната агенција за цивилна заштита продолжува континуирано да ја следи ситуацијата низ целата земја, во тесна координација со префектурите, општините и сите структури на системот за цивилна заштита.
-Оперативните капацитети остануваат ангажирани на терен и подготвени да интервенираат каде што ситуацијата бара, со приоритет даден на заштитата на животите, домовите и имотот на граѓаните, посочуваат од министерството.
Од средината на минатиот месец во просек дневно регистрирани се по дваесеттина пожари.

Македонски


