Skip to main content

ЕВН Македонија: Набавката е спроведена согласно сите законски регулативи

Сите набавки на ЕВН Македонија се спроведуваат низ јасно утврдена постапка, со почитување на законските процедури и специфичните технички критериуми, велат од ЕВН Македонија за најновиот договор за набавка на електрични броила.

Таквата пракса беше применета и во постапката за набавка на броила, каде што, покрај законската регулатива, беа доследно применети и критериумите за техничка и професионална способност, усогласеноста со барањата од техничката спецификација, како и проверката за евентуално постоење причини за исклучување на понудувачите од постапката, велат од ЕВН Македонија.

Од компанијата додаваат дека земајќи ги предвид овие проверки, изборот на понудувачот беше направен со строго почитување на утврдените критериуми и регулативи. Од ЕВН нагласуваат дека изборот на понудувачот е резултат исклучиво на спроведената постапка и на исполнувањето на однапред утврдените критериуми и барања, без простор за политички или други толкувања поврзани со изборот.

ЕВН ја поврзува набавката со поширокиот инвестициски циклус за модернизација на електродистрибутивната мрежа и подобрување на услугите. Во рамките на тој процес, според компанијата, се реализираат повеќе активности – далечинско управување со трафостаниците, унапредување на софтверските решенија за управување и замена на електричните броила.

Промената на броилата е дел од процесот за целосно усогласување на дистрибутивниот систем со стандардите на Европската Унија и истиот интензивно се спроведува со години наназад, а ќе продолжи и во следниот период, додаваат од ЕВН.

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahisbetsmoveholiganbetsekabetMarsbahis girişcasibomBetparkCratosroyalbetHoliganbetPusulabetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnisbahsegelbahsegelcasibomjojobetligobetholiganbetizmir escortzbahisroketbet