
Пентагон се подготвува за копнени операции во Иран што ќе траат неколку недели, што би можело да стане опасна нова фаза од војната доколку американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ескалира, објави „Вашингтон пост“.

Според изданието, потенцијалните копнени операции нема да вклучуваат целосна инвазија. Тие би можеле да вклучуваат локализирани напади во кои ќе учествуваат специјални сили и редовни копнени единици.
Целта на овие операции, меѓу другото, би можела да биде заземање на иранскиот остров Харг или уништување на оружјето во крајбрежните области во близина на Ормутскиот теснец, забележува весникот.

Македонски



