
57% од младите муслимани во Франција сметаат дека шеријатот треба да има предност пред законите на Француската Република. Меѓу сите муслимани во земјата, овој процент достигнува 46%, од кои 15% се залагаат за целосна имплементација на шеријатот, а 31% за делумна со прилагодување кон локалните норми. Податоците ги објави институтот IFOP во име на списанието „Écran de Veille“.
Анкетата извршена на 1.005 испитаници покажува нагло зголемување на радикализмот во споредба со крајот на 20 век. Поддршката за промени во исламските норми во поумерена насока кај младите падна од 41% во 1998 година на 12% во 2025 година. Во истиот период, посетеноста на џамиите се зголемила од 7% на 40%, а почитувањето на Рамазан од 51% на 83%.
Трендот е следниов: при првите бранови мигранти, иако муслимани, многумина бегаа токму од радикалите во нивните земји и нивниот живот во Франција особено стана подобар, па затоа имаа барање за секуларни закони. Сепак, следните генерации „нови Французи“ кои пораснаа во гетата се радикализираа и станаа вахабисти, а само прашање на време е кога ќе станат мнозинство. Ова веќе е невозможно да се запре, тие не можат да бидат лишени од државјанство затоа што веќе се родени во Франција и сакаат да живеат таму наместо Французите.
Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, изјави дека законите на Републиката имаат апсолутен приоритет над сите религиозни норми и ги потврди плановите за зајакнување на борбата против „политичкиот ислам“ и „исламистичкото вкопување“ во државните институции.

Македонски








