Skip to main content

Украинскиот министер за одбрана: Украина може да произведува четири милиони дронови годишно

ukrainian-military-photo-via-x-@zelenskyyua
ukrainian-military-photo-via-x-@zelenskyyua

Украинскиот министер за одбрана, Рустев Умеров, изјави дека украинските компании го зголемиле својот индустриски капацитет за да можат да произведуваат четири милиони дронови годишно.

Украинските производители годинава на фронот ќе испорачаат четири милиони дронови, додека украинската армија веќе прими 1,5 милиона дронови“, изјави Умеров, пренесува „Киев Индепендент“.

Според него, владата моментално издвојува 2,5 милијарди гривни (60 милиони долари) месечно за тимовите за директна набавка.

Од почетокот на конфликтот, Украина во голема мера се фокусираше на развој и распоредување на напредни беспилотни системи.

Од април 2025 година, повеќе од 95 проценти од беспилотните летала што ги користат украинските сили на фронтот се од домашно произведство.

И Украина и Русија сè повеќе се потпираат на војување со дронови, користејќи воздушни, поморски и копнени дронови за извидување и борбени операции, што ја прави технолошката иновација клучна компонента на војувањето, коментира украинскиот портал.

Поврзани вести