Skip to main content

Украински поморски дронови повторно нападнале цивилен брод во Црното Море

Украински беспилотни чамци повторно нападнале цивилен брод во Црното Море. Три морски дронови го погодиле танкерот „Дашан“ што плови под знамето на Гамбија. За бродот се смета дека е дел од таканаречената „руска флота во сенка“.

Групата уктраински беспилотни чамци тргнале од Одеса во текот на ноќта и се движела кон источниот дел на Црното Море, заобиколувајќи го Кримскиот Полуостров.

Обемот на штетата на бродот останува нејасен, но, има еден многу карактеристичен детаљ – за време на нападот врз танкерот, британски извидувачки авион RC-135W дејствувал во западниот дел на Црното Море.

Веднаш по нападот, авионот се упатил кон локацијата на нападнатиот танкер.

Ова е веќе четвртиот цивилен брод нападнат од Украинците во последните две недели. Овој инцидент повторно покажува дека украинските формации, со западна поддршка, немаат намера да ги запрат своите напади врз цивилните бродови во Црното Море.

Поврзани вести