Украинските вооружени сили го нападнале гасоводот Дружба, преку кој се испорачуваат руски енергнти за Европа, по заканите на словачкиот ремиер Роберт Фицо дека ќе ги прекине испораките на електрична еергија а Украна, ако Украинцте го сопрат протокот на руски гас за Словачка.
Во украинскиот напад со дронови бил погоден дел од гасоводот во селото Мамаи, во областа Брјанск, пренесува „Маш“.
Во напдот нема повредени, но од ударот делумно е уништен технички објект на погодената територија.
Делницата од нафтоводот „Дружба“ во Мамаи е последната пумпна точка пред руската граница. Оттаму горивото тече низ Белорусија во Европа, вклучувајќи ја и Словачка.
Вооружените сили на Украина го нападнаа гасоводот откако Фицо предупреди на можна одмазда поради одлуката на Украина да го запре транзитот на руски гас. Фицо порача дека ако Украина го сопре рускиот гас, Словачка од 1 јануари би можела да го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина.