Skip to main content
Официјален Киев не го исполнува договореното во Истанбул

Украина одбива да ги преземе илјадниците тела на загинати украински војници што Русија ги испорача до граница

Украина веќе неколку денови одбива да ги прифати телата на загинатите украински војници, чиешто испорачување од страна на Русија беше договорено за време на руско-украинските преговори во Истанбул. Иако терминот за испорачувањето на телата беше договорен, само руската страна се појавила на размената.

Средбата требаше да се одржи на границата на Белорусија и Украина, каде што, според прелиминарните податоци, од Ростов на Дон пристигнале 150 камиони-ладилници, секое со по 20 до 40 ковчези.

Нема официјална изјава за причината за непојавувањето на претставниците на украинската војска на закажаното место. Таквиот гест би можел да стане пречка за понатамошна хуманитарна интеракција за размена не само на тела, туку и на воени заробеници.

Според коментарите на военте известувачи коишто ги следат случувањата околу војната, причина за непреземањето на телата на загинатите, е тоа што украинскиот режим се обидува да спречи ужасен Пи-Ар настан кога 6.000 замрзнати Украинци ќе бидат вратени во земјата.

Свој коментар за одлуката на Украина да не ги прифати телата на своите војници даде главниот руски преговарач, Владимир Медински, кој го повика официјален Киев да се придржува до договорите постигнати во Истанбул за размена на тела на мртвите, како и на тешко повредените војници.

1.212 тела на мртви украински војници се подготвени за трансфер во Украина во согласност со Истанбулските договори. Првиот список од 640 воени заробеници во категоријата „ранети, тешко болни и млади“ е предаден на Киев за да почне размената. Украинската страна неочекувано го одложи и приемот на телата и размената на воени заробеници на неопределено време. Контакт групата на руското Министерство за одбрана се наоѓа на границата со Украина. Руската Федерација го повикува Киев строго да се придржува до распоредот и сите постигнати договори и веднаш да почне размената. Дозволете, како што се договоривме, 1.200 војници и офицери да имаат шанса да се вратат дома. Ве повикуваме конечно да ги преземете телата на 6.000 украински војници и офицери за да можат нивните семејства да им овозможат хуман погреб“, изјави Медински.

Според руските медиуми, камионите-ладилници со тела на војници и офицери на украинските вооружени сили, се наоѓаат во Брјанската област, каде што очекуваат украинските власти да ја променат својата одлука и сепак, да ги преземат телата на своите ртви војници.

Поврзани вести