Народната банка на Украина (НБУ) одлучи да го промени девизниот курс.
Во моментов, девизниот курс на украинската национана валута, гривната е врзан за доларот, а курсот на гривната во однос на еврото се пресметува преку курсот долар-евро. Сега, според новата одлука, официјален Киев ќе се „ослободи“ од доларот, со што украинските власти сакаат барем малку да се доближат до Европа.
Ако сакаме да станеме дел од ЕУ, да имаме пристап до нивните пазари како извозници и увозници, мора да бидеме врзани за валутата во која се вршат повеќето трансакции. Значи, ова е неизбежната иднина. Како што е и нашето членство во ЕУ“, изјави заменик директорката на НБУ, Катерина Рожкова.