Skip to main content

Туск: САД не сакаат Европа да ги заплени руските средства за да ги користи во иден договор со Русија

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека САД ја повикуваат Европа да не ги запленува замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина, туку да ги остави за договор со Русија откако ќе заврши војната.

Туск истакна дека Американците можеби се заинтересирани сами да користат дел од парите.

Американците велат: „Оставете ги овие руски средства, бидејќи е тешко да се седне со Путин и да се разговара за компромиси, а во исто време да се земат неговите пари“. Ова е американскиот аргумент дека мора да бидеме многу внимателни тука и да не одиме по работ на бездната“, изјави Туск.

Поврзани вести