
Три лица загинаа при пад на хеликоптер во претпладневните часови на британскиот остров Вајт, соопшти денеска полицијата на Хемпшир.
Полицијата во соопштение наведува дека „вкупно четири лица биле во леталото, а едно лице моментално е во болница во тешка состојба“, пренесува Скај њуз.
Полицијата соопшти дека засега не може да даде информации за жртвите на несреќата, бидејќи продолжуваат напорите за контактирање и поддршка на нивните семејства.