
Американскиот претседател Доналд Трамп даде нови изјави за преговорите за ставање крај на војната во Украина.
Во интервју за магазинот „Тајм“, штотуку објавено, спроведено на 22 април, Трамп ја обвини Украина за започнување на војната.
Мислам дека она што го предизвика почетокот на војната беше кога Украинците почнаа да зборуваат за влез во НАТО, рече Трамп.

Според извештаите на медиумите, мировните планови за кои се залага Трамп вклучуваат предавање на приближно 20 отсто од територијата на Украина на Владимир Путин.
Трамп, исто така, изјави за „Тајм“ дека „Крим ќе остане руски“, мислејќи на полуостровот што Русија незаконски го анектираше во 2014 година.