Skip to main content

Трамп се дружеше со специјалците кои го заробија Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија со припадниците на специјалните сили кои учествуваа во операцијата за апсење на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро.

Трамп соопшти дека американската операција „Апсолутна решителност“ траела 42 минути, од потиснување на системите за воздушна одбрана и силните радио-електронски пречки до заробувањето на Николас Мадуро и повлекувањето на американските сили од Венецуела.

На американските напади врз Венецуела им претходел масовен кибернапад кој ја оневозможил електричната мрежа на земјата и ја прекинал струјата во клучните воени бази.

Американските специјални сили тренирале во последните неколку месеци за да ја нападнат резиденцијата на Мадуро во специјално изграден објект кој точно го реплицира распоредот на палатата.

Поврзани вести