Skip to main content

Трамп не исклучува дека пак ќе го бомбардира Иран

Facebook/The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп  дека изјави дека доколку биде потребно, ќе ја разгледа можноста за повторни бомбашки напади врз Иран.

Тој додаде дека поддржува инспекција на иранските нуклеарни објекти нападнати при претходните американски напади.

На новинарско прашање за евентуални нови воздушни удари врз Иран, Трамп одговори:

Да, без сомнение, апсолутно“.

Трамп, подоцна, исто така му одговори на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, кој претходно тврдеше дека Иран „им удрил шлаканица на САД“ со напад врз американска база во Катар.

Тој знае дека тоа е лага“, напиша Трамп на неговата мрежа Трут Соушл.

Поврзани вести