Skip to main content

Трамп: На американските бродови треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал

Facebook/Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека на американските воени и комерцијални бродови треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал.

На американските бродови, воени и комерцијални, треба да им биде дозволено бесплатно да патуваат низ Панамскиот и Суецкиот канал. Тие канали не би постоеле без Соединетите Американски Држави, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут сошл.

Тој додаде дека побарал од американскиот државен секретар Марко Рубио „веднаш да се погрижи за оваа ситуација“.

Панамскиот канал е најкратката морска рута помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан. Ископан на Панамскиот мост помеѓу Северна и Јужна Америка, околу 40 проценти од американската трговија минува низ него.

Соединетите Американски Држави со децении имаат ексклузивна контрола врз Панамскиот канал, поради нивната водечка улога во неговата изградба. Сепак, по потпишувањето на договорот Торихос-Картер во 1977 година, Вашингтон ѝ го отстапи суверенитетот над каналот на Панама, што жителите на таа земја го нарекуваат историска „пресвртница“.

Поврзани вести