Skip to main content

Трамп: Ќе работиме на намалување на тензиите меѓу Сеул и Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Јужна Кореја изјави дека ќе работи на „смирување“ на тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул.

Ќе работиме многу напорно со (севернокорејскиот лидер) Ким Џонг Ун и сите други за да ги решиме проблемите, бидејќи тоа има смисла – рече Трамп на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае-Мјунг.

Двајцата претседатели разговараа во Гјонгџу, Јужна Кореја, пред самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.

Трамп рече дека не можел да „го најде вистинскиот момент“ за средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговото патување, кое е предвидено да вклучува и средби со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Поврзани вести