Skip to main content

Трамп и Зеленски ќе се сретнат на погребот на Папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциск, пренесе Би-Би-Си, цитирајќи извор од претседателството во Киев.

Изворот наводно изјавил за агенцијата АФП дека кабинетот на Зеленски „ја подготвува посетата на претседателот на Рим за да се прости од понтифот“.

Погребот на папата Франциск ќе се одржи на 26 април во 10:00 часот по локално време.Таму ќе биде и Трамп.

Поврзани вести