Skip to main content

Трамп го повика Врховниот суд да сопре спроведувањето на законот за забрана на ТикТок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го повика Врховниот суд на САД да го суспендира спроведувањето на федералниот закон за ТикТок кој би ја забранил популарната социјална мрежа или би го принудил нејзиниот сопственик да ја продаде.

ТикТок и неговиот сопственик „ByteDance“ настојуваат да ја задржат популарната онлајн апликација во САД, откако Конгресот во април гласаше за забрана, освен ако кинеската матична компанија на апликацијата не го продаде ТикТок до 19 јануари.

Тие се обидоа да го поништат законот, а Врховниот суд се согласи да го разгледа случајот. 

Поврзани вести