Skip to main content

Саботажи со цевки на 20-тина пруги го нарушија железничкиот сообраќај во Холандија

Freepik

Железничкиот сообраќај во централна и северна Холандија утрово беше нарушен за време на шпицот откако цевки беа намерно поставени на пругите, соопшти менаџерот за инфратсруктура во ProRail.

Од утворо се пријавени околу 20 вакви случаи.

Холандскиот радиодифузер НОС (NOS) објави снимки од долгите, тенки цевки како се отстрануваат од пругите.

„Во оваа фаза, се чини дека станува збор за намерно нарушување на железничкиот сообраќај од човечка акција. Сè уште не е познато кој е одговорен или кој е мотивот“, објави ProRail, додавајќи дека случајот го истражува националната полиција.

Цевките го нарушија не само железничкиот, туку и патниот сообраќај, бидејќи неколку железнички премини мораа да останат затворени, објави ProRail.

Засега не се знае кога сообраќајот би можел да се нормализира.(МИА)

Поврзани вести