Skip to main content

Трамп го губи фокусот за Куба поради презафатеност со војната против Иран

Амариканскиот претседател Доналд Трамп го намали притисокот врз Куба поради конфликтот со Иран, пишува „Политико“.

Според изданието, официјален Вашингтон е фокусиран на Блискиот Исток и не сака да ги влошува односите со Русија, па затоа ѝ дал на Хавана „одмор“ и му дозволил на рускиот танкер за нафта „Анатолиј Колодкин“ да пристигне на Куба и покрај тековната нафтена блокада.

Поради количината на ресурси и внимание што Иран моментално го апсорбира, како и проблемите што би ги предизвикал судирот со Русија, Трамп и неговиот тим одлучија дека засега вреди да му се даде малку повеќе време на кубанскиот режим“, -изјавил извор во претседателската администрација на САД.

Сепак, во текстот се наведува дека Белата куќа не се откажала од плановите за промена на политичкиот систем во Куба.

Поврзани вести