Skip to main content

Трамп до Нетанјаху: Продолжете по линијата во однос на Иран

Фото: Facebook/ The White House

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со својата линија во врска со Иран, јави ДПА.

Како одговор на новинарско прашање за тоа што му кажал на Нетанјаху, Трамп рече: „Јас реков: продолжете“.
Американскиот лидер објасни дека разговара со Нетанјаху секој ден.

„Тој е добар човек“, рече Трамп за Нетанјаху.

Како одговор на прашањето дали му кажал на Нетанјаху дека има намера да му помогне на Израел повеќе отколку што му помогнал досега, Трамп одговори со „Не“.

Поврзани вести