
Руски воен разузнавачки брод е забележан само неколку милји од брегот на Соединетите Американски Држави, објави „Њујорк пост“.
Според американската крајбрежна стража, станува збор за бродот на руската морнарица „Карелија“, кој, според публикацијата, се наоѓал приближно 15 наутички милји јужно од островот Оаху (Хаваи), во близина на територијалните води на САД.
Инцидентот се случил на 29 октомври, но официјално соопштение е објавено дури деновиве. Официјална Москва не коментирала за ситуацијата.
Во оваа ситуација, рускиот брод дејствувал строго во меѓународни води, со оглед на тоа што руски бродови имаат целосно право да бидат во кој било дел од океанот, се додека се во меѓународни води.

Македонски








