Skip to main content

„Телеграф“: ЕУ подготвува санкции против американски компании поради претензиите кон Гренланд

ЕУ подготвува планови за санкции против американски компании во случај американскиот претседател Доналд Трамп да го отфрли предлогот сили на НАТО да бидат распоредени на Гренланд, наместо островот да биде анектиран од САД, пишува „Телеграф“ (The Telegraph).

Според изданието, Велика Британија преговара со други европски земји за испраќање мисија на НАТО на Гренланд. Тие се надеваат дека посилното воено присуство на Арктикот ќе помогне да ја убедат Белата куќа да се откаже од своите претензии кон островот.

Што се однесува до економските мерки, како шо пишува „Телеграф“, Европската Унија размислува за ограничување на активностите на технолошките гиганти, вклучувајќи ги Мета, Гугл, Мајкрософт и Икс, во рамките на своите граници. Ова би можело да влијае и на американските банки и финансиски фирми.

Поврзани вести