
Студеното време што ја зафати Германија предизвика поледици на патиштата и сообраќаен хаос, пренесува ДПА.
Леденото време предизвика неколку несреќи на главните германски патишта во петокот и ноќта.
Камион што превезувал лосос се излизгал и се превртел на автопатот A93 во северниот дел на Баварија, во близина на градот Вернберг-Кеблиц.
Несреќата предизвикала приколката на камионот да се отвори и рибите да се истурат по коловозот, соопшти денеска портпарол на полицијата.
Возачот не е повреден, а автопатот бил затворен повеќе од 10 часа.
Друг камион се лизнал на автопатот A1 во близина на северниот град Бремен и удрил во знак и заштитна ограда. Возачот не е бил повреден.
Полициските службеници на местото на настанот привремено го затвориле автопатот и во тек е операција за расчистување на коловозот од мраз и снег.
Десетици камиони и автомобили останаа заглавени на заледениот мост Келбранд во северниот германски град Хамбург. Возилата не можеа да се искачат по мостот поради замрзнатиот коловоз.
Властите предупредуваат дека студениот бран со снег и мраз ќе продолжи и во наредните 24 часа.

Македонски






