Skip to main content
Ажурирана Стратегија за национална безбедност на САД

Америка сака крај на конфликтот во Украина и ограничување на проширувањето на НАТО

Freepik

Примарен интерес на Соединетите Американски Држави е да се прекинат борбените операции во Украина. Белата куќа е во конфликт со европските претставници поради нереалните очекувања во врска со Украина. Соединетите Американски Држави сакаат Европа да ја преземе одговорноста за сопствената одбрана, се наведува во ажурираната Стратегија за национална безбедност на САД.

Според оваа платформа, САД сакаат НАТО да престане да смета на „постојано проширување на алијанса“.

Соединетите Американски Држави сметаат дека враќањето на стратешката стабилност со Русија е еден од нивните главни приоритети на надворешната политика во Европа. Градењето односи меѓу Европа и Руската Федерација ќе бара американско дипломатско ангажирање за враќање на стратешката стабилност“, се забележува во текстот.

Исто така, впо Стратегијата се нагласува дека Соединетите Американски Држави повеќе не го сметаат Блискиот Исток за доминантен фактор во нивната надворешна политика. Индо-пацифичкиот регион ќе биде сцена на некои од клучните геополитички и економски битки на овој век.

Официјален Вашингтон ги информира европските центри дека може да го суспендира своето учество во неколку механизми за координација на одбраната на НАТО, освен ако Европа не преземе поголеми обврски, објави „Ројтерс“.

Според новинската агенција, крајниот рок за Европа да направи такво нешто е 2027 година.

Поврзани вести