
Цените на становите во Европската Унија продолжуваат да растат, а за една деценија скокнаа за речиси 65 отсто, се наведува во денеска објавениот извештај на Евростат.
Пазарот на недвижности во ЕУ забележа значителен раст во четвртиот квартал од 2025 година, при што цените на становите скокнаа за 5,5 отсто, додека кириите пораснаа за 3,2 отсто во однос на истиот период претходната година. Трендот на поскапување продолжи и на квартално ниво, па недвижностите во однос на третото тромесечје од 2025 година се поскапи за 0,8 отсто.
Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во Унијата во просек пораснале за дури 64,9 отсто, додека закупот поскапел за 21,8 отсто. На ниво на поединечни држави, Унгарија се издвојува како апсолутен рекордер каде цените на становите од 2015 година пораснале за дури 290 отсто, а по неа следат Португалија (180 отсто), Литванија (168 отсто) и Бугарија (157 отсто).
Исклучок на мапата на Европа е Финска, единствената земја на Унијата во која цените на недвижностите денес се пониски отколку пред десет години.
Пораст на кириите е забележан во сите членки на ЕУ, а ситуацијата е повторно најтешка во Унгарија, каде тие се повеќе од удвоени. Висок пораст на трошоците за домување е евидентиран и во Литванија, Ирска и Полска.

Македонски


