Skip to main content

Српскиот претседател ќе им се обрати на граѓаните на годишна конференција

Фејсбук профил на Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе одржи годишна конференција, на која ќе им се обрати на граѓаните. Обраќањето ќе биде во 16 часот, соопштија од неговиот кабинет.

Како што објави „Вистиномер“, оваа година имало 400 обраќања на Вучиќ на кабелски и телевизиски канали со национална покриеност.

Мониторингот на CRTА покажа дека во 2024 година тој бил на малите екрани повеќе од 330 пати.
Податоците на CRTА за периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година се слични, кога претседателот на Србија имал 300 директни обраќања преку телевизии со национална фреквенција, и кога тој учествувал со речиси две третини од вкупното време посветено на политичките актери во централните вести.

Во јануари 2024 година обраќањето на Вучиќ до јавноста и презентацијата на планот „Србија 2027 – Скок во иднината“ беа емитувани на 48 канали истовремено.

Поврзани вести