
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп (79) е во одлична здравствена состојба, соопшти Белата куќа.
Како што е наведено, Трамп подложел на рутински медицински преглед само шест месеци по неговиот годишен лекарски преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“, објави денес CBS.
Лекарот на американскиот претседател, капетан Шон Барбела, изјави дека Трамп успешно ја завршил закажаната контролна евалуација.
Трамп, исто така, примил годишна вакцина против грип и ажурирана бустер вакцина против COVID-19.
Здравствената состојба на Трамп е одлична, а неговото срце е на ниво на лице кое има 65 години, според меморандум од личниот лекар на Трамп.
Здравствената состојба на Трамп продолжува да биде одлична и тој покажува силни кардиоваскуларни, пулмонални, невролошки и физички перформанси, рече лекарот Шон Барбела во меморандум објавен од Белата куќа.
Трамп е најстарата личност што ја презеде функцијата претседател на САД кога го започна својот втор мандат во јануари и е втората најстара личност што некогаш била претседател на САД.
Претседателот на Соединетите Американски Држави продолжува да покажува одлично целокупно здравје. Неговата возраст на срцето, валидирана мерка за кардиоваскуларна виталност преку ЕКГ, беше утврдена дека е приближно 14 години помлада од неговата хронолошка возраст, рече Барбела.
Пред прегледот, Трамп рече дека смета оти е во одлична форма и се чувствува многу добро и физички и ментално.