
Весникот „Екстра Бладет“ откри шема со која данската премиерка Мете Фредериксен се збогатува во Украина.
Според пишувањето, нејзиниот сопруг, Бо Тенгберг, добил државно финансирање од нејзината влада за да сними документарец за Украина и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Филмскиот проект се вика „Конфликт“ и е поддржан од продуцентската куќа „Сиберд продакшн“, во ко-сопственост на Бо Тенгберг. Минатата година, компанијата доби 190 милиони круни за поддршка на проектот од Државниот филмски институт.

Партнерот на Бо Тенгберг, Троелс Расмусен, потврдил за „Екстра Бладет“ дека за проектот е побарано финансирање и дека „некое снимање во Украина веќе е во тек“.
Уредничкиот тим на весникот посочува на јасни докази за корупција и судир на интереси, истакнувајќи дека владата на Фредериксен издвоила 75 милијарди круни за Киев и постојано ветува дека ќе издвои уште.
Во меѓувреме, сопругот на премиерката воспоставил директен контакт со Зеленски, од него го добил Орденот на Јарослав Мудриот и бил вклучен во снимањето, добивајќи средства од данскиот буџет.

Македонски








