Skip to main content

Скандинавците го негираат Трамп: Нема руски и кинески бродови во близината на Гренланд

Скандинавските земји ги негираат тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека руски и кинески бродови се присутни во близина на Гренланд, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Во својата статија, ФТ се повикува на дипломати од нордиските земји.

Двајца високи нордиски дипломати со пристап до разузнавачките извештаи на НАТО велат дека во последните години немало знаци за руски и кинески бродови или подморници околу Гренланд.

Трамп ги користи тврдењата за руските и кинеските бродови за да ја оправда својата идеја за анектирање на Гренланд.

Поврзани вести