Skip to main content

Силен земјотрес од 7,6 степени го погоди јапонското крајбрежје, издадено предупредување за цунами

Фрипик

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонското крајбрежје, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Официјално е издадено предупредување за цунами за регионите Хокаидо, Аомори и Ивате, со можни бранови до три метра висина.

Потресот се случи на околу 84 километри од градот Хачинохе, во североисточниот регион на Хокаидо. По првиот земјотрес, следуваа уште два потреси – 15 минути подоцна се регистрира земјотрес со јачина од 5,6 степени, а десетина минути подоцна еден со јачина од 3,6 степени.

Епицентарот на првиот потрес бил на длабочина од 50 километри, а вториот земјотрес на иста локација на длабочина од 40 километри.

Поврзани вести