
Шведска подготвува нуклеарни бункери за седум милиони граѓани поради зголемените стравови од избивање на Третата светска војна, објавува „Дејли мејл“.
Според изданието, 64.000 бункери се ставени во „одбранбена готовност“, а на пет милиони домаќинства веќе им е наложено да се подготват за евентуален напад. Засолништата мора да штитат од експлозии, радијација и хемиско оружје.

Исто така, до 2030 година земјата ќе ги зголеми воените трошоци на 3,5% од БДП. Тоа би било најголемото одбранбено засилување од Студената војна.