Skip to main content

Најавени „мистериозни“ подводни системи: Шведска додели нов пакет воена помош за Украина

Шведска додели нов пакет воена помош за Украина. Пакетот од 157 милиони долари вклучува 10 нови цевки за претходно испорачаните самоодни топови Арчер, „голем број“ камиони и утоварувачи на тркала Волво и Сканиа, како и иновативен систем за побрзо товарење и истоварување на контејнери.

Вклучувањето на неименувани подводни системи во пакетот е интересно. Со оглед на тоа што подводните беспилотни летала на Шведска се контролирани со жица (главно за расчистување на мини) и немаат извонредни карактеристики, најверојатната опција е трансфер на лесните торпеда на Сааб, познати како Сааб лајтвејт торпид (SLWT) или Торпедо 47. Овие торпеда тежат до 340 кг и можат да погодат цели на оддалеченост до 20 км и длабочина до 300 м.

Проектилот е опремен со активни и пасивни сензори за погодување бродови и подморници, како и систем „пукај и заборави“. Торпедо 47 може да се лансира од беспилотни површински возила.

Украина претходно спроведе тест лансирања на неидентификувани торпеда од своите беспилотни летала против инфраструктурата за производство на гас во Црното Море. Дополнително, визуелните индикации укажуваат на можна употреба на мало торпедо или мало беспилотно подводно возило во напад на Кримскиот мост.

Во контекст на растечките украински закани за Кримскиот мост и амфибиска операција на полуостровот, како и подготовките на НАТО за саботажа против подводната инфраструктура на Русија, ваквите испораки ги зголемуваат ризиците во тие области.

Поврзани вести