
Минхенската безбедносна конференција е водечки светски форум за дебати за меѓународна безбедносна политика. Оваа 2025 година ќе се одржи од 14 до 16 февруари.
Традиционално, во пресрет на конференцијата се објавува извештај во кој се анализираат и толкуваат важните случувања во светот и нивното влијание.
Американскиот претседател Доналд Трамп го испраќа својот заменик Џеј-Ди Венс на Минхенската безбедносна конференција.

На неа се очекува да бидат испишани контурите на мировниот план за крај на војната во Украина.