Шпанија годинава ќе издвои дополнителни 2,08 милијарди евра за одбрана.
– Владата е подготвена да ја постигне (целта од два проценти) што е можно поскоро, истакна портпаролката на шпанската Влада, Пилар Алегрија.
Таа додаде дека дополнителните средства ќе се користат главно за модернизација, одржување и подобрување на персоналот, инфраструктурата и капацитетите преку постоечките договори.
Од 32 земји-членки на НАТО, Шпанија издвојува најмалку за одбраната, само 1,3 проценти од бруто домашниот производ. Шпанија за да ја достигне целата на НАТО од два отсто би требало да издвојува дополнителни 10 милијарди евра годишно.
Претходно, Шпанија вети дека целта ќе ја постигне до 2029 година, за подоцна да најави дека тоа ќе го направи многу побрзо, но не прецизира временска рамка.