Skip to main content

Галерија од победата на македонската кошаркарска репрезентација

 Македонската кошаркарска репрезентација попладнево ја очекува првиот од двата последни натпревара во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година. Во ростерот на селекторот повторно е и Тома Стојаноски, кој е подготвен да го даде својот придонес во сениорскиот национален тим.

–  Атмосферата е одлична. Имавме два пријателски натпревари, од кои првиот не заврши позитивно за нас, но во меѓувреме се рекупериравме. Ни се приклучија и двајцата наши натурализирани играчи, а од тимот кој настапи на контролата во Самоков, сега ги имаме и Јакимовски и Војдан Стојановски. Во изминатиот период направивме добри тренинзи и скаутинг со стручниот штаб. Мислам дека имаме добра и солидна екипа со која сакаме две победи во овој „прозорец“. Прва задача ни е Ирска, прво да завршиме работа со нив, а потоа ќе мислиме на Луксембург“, додава македонскиот кошаркар. Ирска има скоро шест до седум нови играчи. Се работи за помлади имиња кои играат во американската колеџ-лига. Ги видовме повеќето од нив преку видео-анализата. Играат брза кошарка, а ние мораме први да го поставиме темпото и да дојдеме до победа пред нашата публика, изјави Стојаноски.

Македонија го очекува продолжението од претквалификациите со јасна цел – максимален ефект во двата натпревара. Покрај дуелот што македонскиот тим го игра со Ирска (почеток 18 часот, сала Лазар Лечиќ), по три дена е гостувањето во Луксембург.

Поврзани вести