Официјално почна изградбата на железничката линија Кина-Киргистан-Узбекистан, која ќе овозможи испорака на разновидна стока од Кина до централна Азија, а оттаму преку Турција до Европа.
Во текот на 6-8 години се планира изградба на 90 тунели, мостови и станици. Обемот на инвестиции во изградбата на оваа рута се проценува на 5 милијарди долари, а турски компании имаат намера активно да учествуваат во изградбата.
Според земјите учеснички во проектот, новата линија ќе го намали времето на испорака на стоки од Кина во Европа за 7 дена.
Проектот има за цел да за да се исклучи Москва од транзитот на стока, со оглед на тоа што линијата ќе ја заобиколи Русија.