
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој на почетокот на јануари беше заробен од САД, е сместен во изолациска ќелија со димензии два на три метри во американски затвор, објави шпанскиот весник „АБЦ“.
Според весникот, овие ќелии официјално служат за неколку цели: дисциплинска изолација, спречување на самоубиство и заштита на особено опасни или ранливи затвореници.
Весникот додава дека на затворениците им е дозволено да излегуваат три пати неделно по еден час, секогаш со лисици и во придружба на двајца чувари.

Македонски

