
Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавил дека, според проценките на Ријад, Израел се обидува да го продлабочи конфликтот со Иран со цел да ги вовлече САД во војна, јави иранската новинска агенција ИРНА.
Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел“, рекол бин Салман.
Обраќајќи се до иранскиот претседател, бин Салман додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“.
Пезешкијан, пак, истакнал дека од моментот на преземањето на функцијата работи на зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, но дека Израел секогаш се обидувал да ги поткопа неговите напори кога биле блиску до успех.
Се надевам дека Иран и Саудиска Арабија ќе можат да соработуваат за воспоставување смиреност и стабилност во регионот, изјавил Пезешкијан.
Во изминатите два дена Израел изврши напади врз иранска територија, вклучувајќи нуклеарни објекти, на што Иран одговори со ракетни напади врз цели во Тел Авив и Ерусалим.