
Во истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно се осудени од судовите.
Албанските грѓани се осудени на најмалку една, но и на 10 и повеќе години затвор, за кривични дела главно поврзани со трговија со дрога и луѓе.
– Според позитивните британски закони, странците осудени на повеќе од 12 месеци затвор автоматски се соочуваат со депортација по издржување на затворската казна. Во меѓувреме, се дискутираат законски измени што би можеле да овозможат уште порано депортирање, по издржување на помал дел од казната, наведува „Сан“.
Според истиот извор, од изборите во 2024 година, британските власти депортирале над 58.500 нелегални имигранти и осудени странци.
Постои и договор за трансфер на затвореници меѓу Албанија и Обединетото Кралство, кој им овозможува на лицата осудени на повеќе од четири години затвор да се вратат во Албанија за да ги доиздржат своите казни во нивната матична земја.
МИА

Македонски


