Skip to main content

Салвини: Конфискацијата на руски имот е коцкање, Брисел да не си игра со оган

pixabay

Заменик премиерот на Италија и лидер на партијата Лига, Матео Салвини, оцени дека конфискацијата на руски имот е „ризичен и непромислен“ потег на бирократијата во Брисел.

Конфискацијата на руски имот и пари е ризична, непромислена. Ние не сме во војна со Русија – ако тие конфискуваат овде, Русите ќе го сторат истото. Во Русија има 314 италијански компании кои обезбедуваат работни места и приходи. Некој во Брисел си игра со оган“, оцени Салвини.

Што се однесува до руско-украинската војна, Салвини повика на „раскинување со минатото“.

Преговорите се во тек, делумно благодарение на (претседателот на САД Доналд) Трамп, а во Украина е широко распространета корупција. Продолжуваме да го поддржуваме народот во војната, но потребни се претпазливост, предвидување и одговорност“, истакна Салвини.

Европската Унија вчера ја потврди одлуката на неодредено време да ги замрзне средствата на руските банки што се наоѓаат во Европа, со што се отстрани големата пречка за користење на готовина за финансирање на Украина во војната против Русија. 

Поврзани вести