
Соединетите држави вложуваат 500 милиони долари во проект за вакцини, со цел развој на „универзални“ вакцини кои штитат од повеќе соеви на вируси одеднаш, објави во четвртокот весникот The Wall Street Journal, повикувајќи се на е-пошта во која имал увид.
Проектот вклучува производство на вакцини од хемиски инактивирани цели вируси, што потсетува на начинот на кој беа развиени вакцините против грип пред неколку децении, пишува WSJ.
Овој потег е дел од она што Министерството за здравство и човечки услуги (HHS) го нарекува „Златен стандард на генерацијата“, универзална технологија за вакцини што претставува промена во финансирањето од проекти за коронаворусната болест ковид-19 кон студии за повеќе вируси, објави весникот.
Проектот вклучува и истражување за втора универзална вакцина против грип и универзални вакцини против коронавирус, според соопштението од HHS до WSJ.
Американскиот министер за здравство и социјални услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, ќе бара сите нови вакцини дабидат тестирани со плацебо, објави весникот The Washington Post претходно доцна во средата.
Кенеди, поранешен адвокат за животна средина, е познат како скептик во врска со вакцините и ја основа антивакциналната група „Children’s Health Defense“ (детска здравствена заштита), која поднесе тужби во државните и федералните судови поради вообичаените вакцинации, вклучително и против онаа за мали сипаници.
Министерството за здравство и човечки услуги на САД не одговори веднаш на барањето на Reuters за коментар.